Повисоката цена на нафтата ќе повлече поскапувања
Војната во Иран би можела да ги зголеми глобалните цени на храната. Додека енергетските пазари се фокусираа на ризиците од снабдување со нафта, стопанствениците велат дека заканите за синџирите на снабдување со ѓубрива преку Ормускиот теснец...

На врата ли е нов ценовен шок?! Војната во Иран би можела да ги зголеми глобалните цени на храната. Додека енергетските пазари се фокусираа на ризиците од снабдување со нафта, стопанствениците велат дека заканите за синџирите на снабдување со ѓубрива преку Ормускиот теснец би можеле да донесат и долгорочни економски проблеми преку инфлацијата на храната.
Цената на нафтата варира, повторно се искачи над 100 долари за барел.
Ако конфликтот на Блискиот исток не заврши брзо, не чека нова криза и подгревање на инфлацијата, велат економските експерти.
Иран веќе се закани дека цената на нафтата би можела драматично да скокне и да достигне 200 долари за барел.
Од Владата велат дека треба да има фер цени на производите, оти нема да се дозволат отстапувања и профитерство.
Борис Грујоски
