Приоритети за пристапувањето во ЕУ
Корупцијата е слонот во просторијата – ова се само дел од заклучоците на претставниците на Eвропскиот економско-социјален комитет, по средбите со синдикатите, работодавачите, граѓанските здруженија и претставници од власта. Со реформите да се работи на подобрување на работничките права и социјалниот дијалог.

Македонија има добра усогласеност со европското законодавство, но и случаи кога законите се само на хартија, проблем е имплементацијата. Корупцијата е слонот во просторијата – ова се само дел од заклучоците на претставниците на Eвропскиот економско-социјален комитет, по средбите со синдикатите, работодавачите, граѓанските здруженија и претставници од власта. Со реформите да се работи на подобрување на работничките права и социјалниот дијалог.
Од Владата велат дека државата во минатото донела тешки одлуки, фокусирани се на исполнување на реформската агенда и стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија.
Земјата не напредува како што очекувавме и како што посакувавме-оценуваат од европскиот комитет, нудат помош преку дијалог и размена на искуства. За економски развој потребни се стабилност, параметрите не се лоши, сепак геополитичката состојба во светот негативно влијае – е ставот на бизнис-еснафот.
Извештајот на европскиот економско-социјален форум, кој освен во Македонија ја мониторираа состојбата и на другите земји од Западен Балкан ќе биде готов најдоцна за шест месеци. Заклучоците ќе бидат имплементирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Марина Стојанова -Тонева
