Временска прогноза

Претежно сончево и релативно топло

13.03.2026 08:32

Утринските температури ќе се движат во интервал од околу минус четири до еден степен, додека во текот на денот постепено ќе се зголемуваат и ќе се движат меѓу 14 и 20 степени...

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло за овој период од годината, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната дневна температура ќе достигне и до 20 степени Целзиусови.

Утринските температури ќе се движат во интервал од околу минус четири до еден степен, додека во текот на денот постепено ќе се зголемуваат и ќе се движат меѓу 14 и 20 степени.

Во главниот град Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу нула степени, а дневната ќе достигне до 19 степени.