Поројните дождови направија проблеми на жителите во Ченто

14.09.2014 18:20

Ветер со брзина од 80- км на час вчера корнеше дрвја, а поројниот дожд носеше се пред себе. Жителите велат дека каналот кој минува низ населбата е недоволен да ја собере армосферската вода...

Mештаните стравуваат дека влагата може да им донесе заразни болести.

„Среќа имаме едно моторче старо, па цела ноќ еден со моторчето друг со лопатки и кофи и водата никако не можеше да се исцрпи. Ова е се измет, се е фекалија, тоа е болест. Кој се осмелува да влезе тоа да го исчисти“, вели Велика Љамовска, жител на населбата Ченто.

Ветер со брзина од 80- км на час вчера корнеше дрвја, а поројниот дожд носеше се пред себе. Жителите велат дека каналот кој минува низ населбата е недоволен да ја собере армосферската вода.

Од надлежните добиле одговор дека ќе добијат помош штом се ослободат првите екипи. Владата издаде директивн за формирање дежурни тимови подготвени веднаш да интервенираат.

„Нема опасност од поголеми поплави во Република Македонија, бидејќи нивото на акомулациите и нивото на реките не е на критично ниво“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

По вчерашниот пороен дожд 250 работници ги санираа штетите. Се интервенираше на 25 критични точки со 50 возила на јавните претпријатија.

Анита Димитријевска