Мицкоски во Кочани на почеток на инфраструктурни проекти
Мицкоски денеска ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од собирните улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Кочани...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од собирните улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Кочани, каде што ќе даде изјава за медиумите.
Од Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Северна Македонија информираат дека потоа премиерот ќе изврши увид во градежните работи на мостот на Кочанска Река, кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“.
Во рамки на посетата, предвиден е и увид во градежните работи за изградба на дел од потисниот цевковод, од јазол до изливниот базен на препумпната станица од водоводниот систем.
