АМСМ

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози

13.03.2026 08:11

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На ден 13.03.2026 година во периодот од 09:00 – 12:00 часот ќе се врши испитување на мостот на река Вардар, кај с. Здуње, на државен пат А2 Гостивар – Кичево. Сообраќајот ќе се одвива согласно воспоставениот времен режим на сообраќај и времени кратки прекини на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.