Војната во Украина продолжува
Двете страни објавија за пресретнати беспилотни летала. Претседателот Зеленски во Париз, на средба со францускиот колега Макрон...

Војната во Украина продолжува. Двете страни објавија за пресретнати беспилотни летала. Претседателот Зеленски во Париз, на средба со францускиот колега Макрон.
Вчера украинскиот лидер ја посети Романија, каде што разговараше за поддршката во одбраната и енергетската соработка. Во однос на дипломатските напори и натаму нема најава за средба меѓу украинските и руските преговарачи. Зеленски истакна дека вниманието на меѓународната заедница во моментов е насочено кон конфликтот на Блискиот исток.
Вашингтон побарал одложување на претстојниот состанок, кој требаше да се одржи неделава, поради актуелната безбедносна криза.
