Перу
Жртви и исчезнати по изобилните дождови во Перу
13.03.2026 10:48
Владата прогласи вонредна состојба во повеќе од половина од општините во земјата...

Најмалку три лица загинаа, а петмина се водат како исчезнати во Перу по изобилните дождови. Владата прогласи вонредна состојба во повеќе од половина од општините во земјата.
Временските неприлики властите ги препишуваат на климатскиот феномен познат како „Ел Нињо“, кој носи зголемување на температурите на океанот.
