Циклонот предизвика големи проблеми на Балканот, алармантно во Хрватска и Словенија
Поројните дождови вчера ги земаа и првите жртви. 17-годишна девојка и 26-годишно момче загина од надојдената вода во местото Вранско во Словенија. Еден маж се води за исчезнат. Медиумите јавуваат дека неколку стотици куќи се под вода...

Невремето се уште предизвикува големи проблеми во регионот. Во моментов најалармантна е состојбата во Хрватска и Словенија, каде во некои делови е прогласена вонредна состојба. Нивото на реките и натаму расте. Меторолозите не се оптимисти.
Поројните дождови вчера ги земаа и првите жртви. 17-годишна девојка и 26-годишно момче загина од надојдената вода во местото Вранско во Словенија. Еден маж се води за исчезнат. Медиумите јавуваат дека неколку стотици куќи се под вода. Во прекин е сообраќајот а во некои делови нема ниту електрична енергија. Најкритични се реките Сава и Крка. Во руралните средини забележани се свлечишта.
Сериозна е состојбата и во Хрватска. Според официјалните податоци 85 општини се во опасност од надојдената вода. Жителите со помош на војската вчера го одбранија Карловац, денеска Сисак е во опасност од налет на воден бран, кој се очекува да го прогоди градот во текот на вечерните часови. Критична е состојбата и на северот од земјата. Каде покрај војската и граѓаните помагаат во евакуацијата и поставуваат насипи. Поплавени се фабрики и автопати, проблеми има и во железничкиот сообраќај.
„Правиме напори да ги спасиме луѓето и нивните домови. Даваме се од себе.“
„Одам во Кутина таму имам роднини, домот ми е цел под вода“, велат жителите на поплавените подрачја.
Во Босна и Херцеговина се поплавени над 500 домови. Кризниот штаб соопшти дека во некои делови водата почнала да се повлекува но во Градишка е прогласен црвен аларм. Жителите се соочуваат со недостаток од вода за пиење и храна. Невреме проследено со дожд и силен ветер се регистрирани и во Австрија и Унгарија.
