МВР
Претрес во скопско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
13.03.2026 18:11
Вчера во 21:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(30) од с. Марино, скопско...

Вчера во 21:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(30) од с. Марино, скопско, соопштија од МВР.
При извршен претрес, по наредба од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот на Д.Р., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението.
