Регион

Ѕвечка ли оружје со разорна моќ на Балканот?

13.03.2026 12:47

Српскиот претседател Вучиќ потврди дека Србија купила моќни ракети од кина. Вели сето ова вооружување го набавиле за да се одбранат од кого било. Премиерот на Хрватска Пленковиќ, предупреди дека ќе го информира НАТО и сојузниците за набавката на овој вид оружје од Србија...

Ѕвечка ли оружјето со разорна моќ и на Балканот. Кинески хиперсонични балистички ракети воздух – земја, воздушна бомба беспилотни летала и системи за воздушна одбрана, веќе се дел од арсеналот на соседна Србија. Од друга страна членките на НАТО соседна Албанија и Хрватска одржаа воени вежби како воен сојуз со Косово. Вучиќ говорејќи за јавниот сервис тврдеше дека е создаден за да ја нападне и дека сето ова вооружување го набавиле за да се одбранат од било кого.

„Тие не мислат да се бранат од нас туку формираат воен сојуз за да нè нападнатТие го чекаат моментот што ќе се случи во иднина кога ќе избувне голем конфликт меѓу европјаните и русите и чекаат да настане уште поголем конфликт на Блискиот Исток“, изјави Вучиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ.

Премиерот на Хрватска Пленковиќ, инаку членка на Европската унија и НАТО, предупреди дека ќе ги информира сојузниците за набавката на овој вид оружје од Србија.

„Хрватска е членка на НАТО и го следиме процесот кој се случува во Србија. Во секој случај не очекувам дека поседувањето на такво многу сериозно оружје на кој било начин би можело да го стави во позиција да биде употребено против соседните земји, Хрватска или која било друга“, изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

Србија е првата европска земја што набави кинески беспилотни летала ch-92 и ch-95, како и системи за воздушна одбрана fk-3 и hq-17.

 

Фиљана Кока