Министерката Јанкулоска во едукација на возачите за безбедност во сообраќајот

14.09.2014 18:44

Впечаток е дека е потребна поголема совесност кај учесниците во сообраќајот. Безмалку половината возачи на кои денеска им беа поделени флаери, не носеа безбедносен појас или разговараа на мобилен телефон...

„Почитувај ги правилата почитувај го животот“ кампањата за безбедност во сообраќајот се одвива со делење флаери на кои е испишана црната статистика за загубени животи од невнимателност во сообраќајот. Акцентот е ставен на пречекорување на брзината и неносењето појас. Во едукацијата и делењето флаери на возачите се вклучи и министерката за внатрешни работи Јанкуловска.

Вкупно 1.716 сообраќајни несреќи се случиле само во привите шест месеци од годинава на територијата на македонија, во кои животот го загубиле 71 лице, а над 4.000 биле повредени. До септември годинаваа поради неносење на безбедносен појас 3.500 возачи биле казнети со глоба , а над7.000 , минале само со опомена.

„Во првите шест месеци во текот на 2014 година поднесени се 5.098 барања за прекршочна постапка по однос на овој прекршок, наплатени се 1.299 глоби, предупредени се 1.335 учесници, однеземе нии се 46 возачки дозволи, а 164 возачи добиле забрана за управување со моторно возило“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

До септември годинава поради ненесење на безбедносен појас 3.500 возачи биле казнети со глоба, а над 7.000 минале само со опомена.

Впечаток е дека е потребна поголема совесност кај учесниците во сообраќајот. Безмалку половината возачи на кои денеска им беа поделени флаери, не носеа безбедносен појас или разговараа на мобилен телефон.