Прва лига 7 коло

Силекс конечно поразен!

14.09.2014 18:52

Четири натпревари од седмото прволигашко фудбалко коло, по коишто меѓу задоволните  е и Вардар затоа што, без разлика на резултатот од вечерниот дуел со Ренова, ќе остане прв, можеби и едиснствен непоразен.

Силекс првпат сезонава загуби и тоа на гостувањето кај Шкендија со 3:0. За осмата победа во серија во меѓусебните дуели, за Шкендија погодија Митров, Кировски и Вручина. При 1:1, пенал за Силекс промаши Дурански.

Работнички славеше со 2:1 со пресврт кај Брегалница. Актуелниот шампион и на шестото првенствено гостување во Штип остана непоразен, иако домаќинот поведе со голот на Здравков во првото полувреме. Во второто, стрелци за Работнички беа некогашните фудбалери на Вардар, Стојков кој дебитираше и Цикарски кој вторпат како резерва настапи за екипата од Дебар маало и во судиското надополнување и го обезбеди третиот триумф сезонава.

Конечно и Турново успеа дома да го совлада Металург и тоа по неуспешна низа од три натпревари. 1:0 за турновци со голот на Милушев во 6-та минута од судиското продолжение.

Најубедлива победа оствари Пелистер и тоа само втора во последните седум пресметки со Тетекс. Головите за 3:0 ги постигнаа Љамчевски, Ступиќ и Ристевски.

И со меч помалку, во 19 часот дома против Ренова, Вардар е прв со 14 бода, еден повеќе од Пелистер, два од Силекс и три од Шкендија и Металург на четвртата, односно на петтата позиција. Работнички и Турново имаат по 10 бода, Ренова со натпревар помалку има осум, Брегалница е девета со три, а Тетекс последен со само два бода.