Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани
Инвестициите во инфраструктурни проекти само од Министерството за транспорт се движат околу 5,5 милиони евра, истакна вицепремиерот Николоски...

Денеска започнуваме со три вредни, значајни инфраструктурни проекти за Кочани, проекти со кои ќе го смениме ликот на Кочани. Тоа е изградба на влезниот булевар, понатаму изградба на мост на Кочанска река и проект за изградба на цевковод со кој ќе овозможиме чиста вода за пиење за поголем дел од градот, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот Владко Грозданов, означија почеток на градежните работи на овие три проекти.
Инвестициите во инфраструктурни проекти само од Министерството за транспорт се движат околу 5,5 милиони евра, истакна вицепремиерот Николоски.
