Финансиска полиција
Кривична против поранешниот директорот на Комунална, Рустеми
13.03.2026 14:19
Нови сомнежи за злоупотреби во скопски „Комуналец“. Финансиската полиција поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба на поранешниот директор Сабахудин Рустеми...

Нови сомнежи за злоупотреби во скопски „Комуналец“. Финансиската полиција поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба на поранешниот директор Сабахудин Рустеми.
Rustemi е осомничен дека со свои познаници склучувал фиктивни договори за интелектуални и сметководствени услуги иако знаел дека немале соодветна експертиза. За таа намена се потрошени 68,5 илјади евра.
Рустеми годинава седна и на обвинителна клупа за случајот со несобирањето ѓубре низ Скопје.
