ССМ утре на протест за повисоки плати
ССМ се подготвува за утрешниот протест во Скопје за повисоки плати. „Го организираат работниците – за работниците кои тонат во сиромаштија“, порачаа од Синдикатот, од каде бараат минималец од 600 евра и зголемување на другите плати за 100 евра. Пред собирот, ВМРО-ДПМНЕ со обвинување до ССМ дека организацијата и логистиката на протестите е од СДСМ.

Колку работниците ќе излезат на улица, на толку ќе им ги зголемат платите. Ова го изјави претседателот на Сојуз на синдикатите, Слободан Трендафилов пред саботниот протест во Скопје за повисоки плати. Собирот почнува во 12.05 пред зградата на ССМ, а барањата се минималец од 600 евра и зголемување на другите плати за 100 евра.
Маршот за поголеми плати ќе тргне од пред седиштето на ССМ, пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.
СДСМ го координира и управува Сојузот на синдикатите на Македонија, како на централно така и на локално ниво, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
ССМ, пак, тврди дека е крајно време за раст на платите поради зголемувањето на цените кои го загрозуваат животниот стандард.
Борис Грујоски
