Енергетика

Договорен попуст за нафтени деривати

13.03.2026 16:23

Владата со најголемиот снабдувач на нафтени деривати се договорија, да се испорачуваат за 2 денара поевтини горива. Причината за ваквиот потег е што се обезбедени поголеми количества преку продуктоводот што е веќе ставен во функција. Министерството за енергетика потсети дека регулаторна ја одредува максималната цена и оти нафтените компании имаат простор да покажат општествена одговорност.

Владата очекува намалување на горивата за два денара по литар, откако се договори со најголемиот снабдувач на нафтени деривати да им даде попуст на трговците на големо и мало, кои ги користат услугите на „ОКТА“. По средбите со нафтените компании, министерката Божиновска смета дека ова е очекуван потег и оти има простор нафтените компании да покажат општествена одговорност и да ги намалат цените за да ги ублажат ефектите од глобалната состојба. Снабдувањето со горива е стабилно, ситуацијата редовно се следи, уверува Божиновска.

Од компанијата велат дека ја препознале итноста на ситуацијата и преземаат активности за поддршка на крајните корисници.

Државниот пазарен инспекторат досега извршил над 300 контроли. Утврдено е дека сите трговци ги имаат оперативните резерви. Министерката не смета дека граѓаните се оштетени со промената на правилникот на регулаторна со кој, пресметката на цените се прави еднаш неделно наместо секој ден.

 

Викторија Милевска