Награда

Избран романот на годината

13.03.2026 16:03

Мајсторски напишано дело, во кое секој лик е внимателно изграден и секој детаљ има важно место во мозаикот на приказната – „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска ја понесе наградата „Роман на годината“.

Од романот „Две Марии“ од Славко Јаневски, тргнаа моите „Три Mарии“ вели Оливера Ќорвезироска добитник на наградата „Роман на годината“ за 2025 година.

„Сакав зборовите на нашите книжевни предци да се стркалаат како џамлии во моите реченици, сакам да мислам дека нашите книжевни писма треба да ги препелкаме во книжевните писма на нашите претходници, како во шеќер во прав“, рече таа.

„Три Mарии“ е мајсторски напишан роман, во кој секој лик е внимателно изграден и секој детаљ има важно место во мозаикот на приказната, рекоа за наградениот роман.

Добитничката на престижната награда, која ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“ им порача на младите писатели, да стават акцент на читањето, а не на пишувањето, затоа што ако сакаме да раскажеме нешто што не се случило никогаш, тоа може да го сториме само со читање, рече Ќорвезироска.

 

Александра Спировска