Кочани

Во пресрет на годишнината од пожарот во „Пулс“, градот се подготвува да оддаде почит на жртвите

13.03.2026 16:13

Тагата по згаснатите млади животи и болката на повредените во пожарот во Кочани не се намалуваат и по една година од трагедијата. Во наредните три дена во Кочани ќе им се оддаде почит на загинатите, поддршка на повредените и благодарници на сите кои помогнаа во справувањето со најголемата трагедија во поновата историја на државата.

Една година по трагедијата, Кочани секојдневно живее со сеќавања на загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во пресрет на годишницата од трагичниот настан, градот е тивок и се подготвува да им оддаде почит на жртвите.

Најтешко им е на блиските на починатите и повредените, велат кочанчани.

Градоначалникот на Кочани вели дека прави сè што е во негова надлежност да го олесни овој тежок период за градот.

Денес во работна посета на Кочани беше премиерот Мицкоски. Истакна дека македонската влада неколкукратно подобро се справила со трагедијата во Кочани, споредено со швајцарските институции во пожарот во Кран Монтана.

Од утре до 16-ти март, понеделник, во Кочани ќе се одбележи годишницата од големиот пожар во кој 63 лица го загубија животот, а повеќе од 200 беа повредени.

Славица Величковска