Меѓународна конференција пред одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани
Владата денеска организира меѓународна конференција. Целта е анализирање на одговорот на институциите, здравствените експерти и меѓународните партнери, како и продолжување на системските решенија за подобра подготвеност при кризни ситуации.

Пред одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани, Владата денеска организира меѓународна конференција. Целта е анализирање на одговорот на институциите, здравствените експерти и меѓународните партнери, како и продолжување на системските решенија за подобра подготвеност при кризни ситуации.
На конференцијата ќе се обединат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. Ќе присуствуваат 37 лекари и медицински експерти од странство, кои во најтешките денови по трагедијата во Кочани директно учествуваа во лекувањето на пациентите. Настанот почнува со свечено институционално отворање по кое ќе следува и комеморација.
Во рамките на конференцијата ќе се одржат и повеќе тематски панели, посветени на повеќе аспекти.
