Кочани

Света литургија за упокоените во спомен на загинатите во дискотеката „Пулс“

14.03.2026 10:08

Верските обреди се организираат во знак на сеќавање на жртвите од пожарот што се случи минатата година на 16-ти март во дискотеката „Пулс“ во Кочани кога загинаа 63 лица, а над 200 се повредени.

По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска во црква „Св. великомаченик Георгиј“ се одржува света литургија за упокоените во спомен на загинатите, како и општ парастос за жртвите од пожарот. Со богослужбите чиноначалствуваат поглаварот на Македонска православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископ Стефан и митрополитот на брегалничка епархија, митрополит Иларион.

Верските обреди се организираат во знак на сеќавање на жртвите од пожарот што се случи минатата година на 16-ти март во дискотеката „Пулс“ во Кочани кога загинаа 63 лица, а над 200 се повредени.