Европратеници за надминување на ветото
Како да се постигне напредок за Република Македонија е прашањето кое се поставува отвроено во Европскиот парламент. Ова посебно по повторното одложување на одлуката за почеток на преговори.Германската европратеничка Дорис Пак констатира дека правилата на Европскиот совет не дозволуваат да се надмине ветото на една земја членка.„Сѐ зависи од грчката добра волја. Се уште се надевам дека под грчкото претседателство со ЕУ, ќе успееме да и укажеме дека нејзиното однесување воопшто не е европско.
Како да се постигне напредок за Република Македонија е прашањето кое се поставува отвроено во Европскиот парламент. Ова посебно по повторното одложување на одлуката за почеток на преговори.Германската европратеничка Дорис Пак констатира дека правилата на Европскиот совет не дозволуваат да се надмине ветото на една земја членка.„Сѐ зависи од грчката добра волја. Се уште се надевам дека под грчкото претседателство со ЕУ, ќе успееме да и укажеме дека нејзиното однесување воопшто не е европско. И дека во нејзин личен интерес е да и помогне на својот сосед, изјави Дорис Пак.Таа е сигурна дека Советот сакаше да ја следи препораката на Европската комисија и парламентот, но тука било противењето на Грција. За прашањето за името, може да се дискутира и решава во текот на преговорите, вели таа с се надева дека Грција конечно ќе ја разбере пораката која ја испраќаат од Европскиот парламент, бидејќи ЕУ нема друго решение за Македонија.
„Немаме друго решение. Европската Унија направи се од нејзина страна, исто како и Македонија и тоа веќе одамна за да започнат преговорите. Ние немаме други можности и инструменти. Сега ја имаме само волјата и определбата да ги убедиме грците да прекинат со нивното однесување, кое не е ни коректно, ни праведно. Неможеме да дадеме друго решение, бидејќи такво решение нема“ – завршува Дорис Пак.
Претседателот на Европските народни партии Жозеп Дол и лидер на оваа политичка група во ЕП, со ветување. „Како претседател на Европската народна партија, Балканот ќе биде едно од моите приоритетни досиеа. Јас на два пати ја имам посетено Македонија и мислам дека таа не претставува закана за Грција, затоа уште од самиот почеток на идната година ќе се погрижам за ова прашање“, изјави Жозеп Дол.
Францускиот европратеник притоа вели дека „блокадите се неправдани“ за Македонија и потребен е напредок за нејзината евроинтеграција.
Тони Гламчевски
