Одбојка - СП Полска 2014

Во мечот на непоразените Бразил подобар од Русија, Иран го искористи киксот на САД

14.09.2014 19:55

Во решавачкиот натпревар за првото место во “Ф“ групата на С П во Полска, репрезентацијата на Бразил ја совлада Русија со 3  : 1 и ја заврши и втората групна фаза единствена без пораз. Актуелниот шампион го доби првиот сет со 25 : 21, олимпискиот првак врати со 26 : 24 во вториот, но по повредата на Мороз кариоките  доминираа во третиот и четвртиот сет кои ги добија со по 25 : 19, и како прворангирани се пласираа во третата групна фаза како носители.

Во решавачкиот натпревар за првото место во “Ф“ групата на С П во Полска, репрезентацијата на Бразил ја совлада Русија со 3  : 1 и ја заврши и втората групна фаза единствена без пораз. Актуелниот шампион го доби првиот сет со 25 : 21, олимпискиот првак врати со 26 : 24 во вториот, но по повредата на Мороз кариоките  доминираа во третиот и четвртиот сет кои ги добија со по 25 : 19, и како прворангирани се пласираа во третата групна фаза како носители. Во неа ќе игра и Русија, а третиот учесник ќе биде познат по вечерашниот меч меѓу Германија и Канада, каде што на Германците им се доволни и два сета за прогрес. Во вториот попладневен меч Финска ја делкасира Бугарија со 3 : 0 а вечерва играат уште Куба и Кина.   

Во “Е“ групата Иран обезбеди место во финалната група од 6 селекции, по победата над Србија со 3 : 1 искористувајќи го киксот на САД кои неочекувано загубија од Аргентина по 5 сета со што самите се елиминираа. Во завршницата ќе играат и Полска и Франција чиј дуел вечерва ќе решава само за првото место во групата, а каде што на домаќинот му е неопходна победа за избегнување на Бразил во последната групна фаза.

Натпреварот меѓу Полска и Франција ќе го пренесуваме на Собранискиот сервис од 20.15 часот, а истовремено ќе играат Австралија и Италија, за избегнување на последното место на табелата.