Повисока цена за престој во градинка
Поскапе престојот во детската градинка во Куманово. Според надлежните поскапувањето е неопходно, поради зголемените трошоци за живот. Граѓаните пак со реакции за ниските примања.

За 35 отсто поскапе престојот во кумановската градинка „Ангел Шајче“. Родителите месецов наместо 1.490 денари, ќе плаќаат по 2.011 денари. Зголемувањето на месечниот надомест, според надлежните е неопходен за нормално функционирање на установата. Трошоците за живот, храна, енергенси, хигиена и комунални услуги, велат се поголеми.
„Овој износ од 1.490 години е донесен во 2004 година. Повеќе од 20 години износот за надомест на градинка не е променет. Знаеме дека од 2004 година наваму континуирано цените се во пораст. За да обезбедиме квалитетна услуга за децата ова е нужно, ова не е ненадејна наша одлука. Вака постапија голем број градинки во нашата држава“, истакна Ивана Николиќ, директорка „Ангел Шајче“ Куманово.
Од установата на став и овој износ не е доволен за да се покрие економската вредност на услугата. Граѓаните согласни покачувањата се неминовни, но реагираат на ниските примања.
Куманово со децении се соочува со недостиг на градинки. И покрај најавите сè уште нема изградба на нова.
Капацитетите на детската градинка во Куманово се максимално искористени. На листата за прием се над сто деца.
Во осумте објекти запишани се над 1.800 деца.
Елена Георгиевска
