Прилеп

Турскиот амам во Прилеп во критична состојба

14.03.2026 16:16

Познатиот споменик на културата и симбол на прилепската стара чаршија-турската бања, е во опасност и е опасност за минувачите. Музејот го огради пешачкиот простор околу објектот, направи стручен увид и испрати извештај до Управата за заштита на културното наследство. И до сопственикот на објектот.

Турскиот амам, или познатата прилепска градска бања стана опасност за пешаците. По дојава од граѓаните, музејот ја огради пешачката зона зашто секој момент делови од овој споменик на културата може да отпаднат. Стручен тим направи увид и ја потврди опасноста.

Амамот е споменик на културата уште од 1955 година. Ја помина денационализацијата со која објектот им се врати на сопствениците, а од 2004 година има нов сопственик. Тој вели дека има проект за реставрација, ревитализација и реконструкција на амамот. Од 2013 година на трипати го поднесувал проектот до институциите, но сè уште немало завршница.

Извештајот за критичната состојба на турскиот амам е испратен во Управата за заштита на културното наследство.

Елизабета Митреска