Битола
Стариот механизам на Саат кулата во Битола со нов дом
14.03.2026 15:44
По 15 години во подрум, стариот механизам на Саат кулата го добива своето место во Офицерски. Од локалната самоуправа се надеваат дека ќе биде причина плус за прилив на туристи. Најавија и спомен соби во Културно-информативниот центар.

По 15 години во подрум со согласност на Советот на општина Битола стариот механизам на Саат кулата го добива своето место во Офицерскиот дом.
За битолчани саат кулата е гордост. За туристите, задолжителен објект кој треба да се види.
Саат кулата е еден од најрепрезентативните објекти во Битола. Неговото срце за првпат почнало да чука пред еден век.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
