Една година од трагедијата во Кочани
Со света архијерејска литургија и парастос за упокоените утрово во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар.

Денес Кочани повторно го преживува пеколниот ден на трагедијата во „Пулс“. Скоро и да нема човек во градот што не е погоден од најголемата трагедија до сега.
Денес, првиот ден од меморијалната програма, се жали за изгубените млади животи, со литургија, панихида, со молитва за 63-те жртви и поклон пред нивните вечни почивалишта
Тагата ќе остане засекогаш, но постојат техники начини да се живее со неа, велат психолозите. Стручна поддршка за секој што минува низ тежок период значи и превенирање на здравствени проблеми во иднина. Во Кочани постои Центар за ментално здравје во рамки на Црвениот крст.
Достапноста на професионална помош и грижа за менталното здравје е значајна во периодот после вакви трауми. За една година во регионалниот центар во Кочани реализирано се над 130 групни тераписки сесии.
Славица Величковска
