ССМ

Работнички протест за повисоки плати

14.03.2026 16:53

600 евра минималец и 100 евра покачување на преостанатите плати, со овие барања Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе на протест. Предупредуваат дека работникот живее под прагот на сиромаштијата, повикаа владата да преземе итни мерки.

Работници од цела Македонија на протест во Скопје за повисоки плати. Дел од нив биле спречени да дојдат на маршот поради закани, рече претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов. Барањата, вели, остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за 100 евра.
 
Маршот за поголеми плати почна во 12.05 пред зградата на ССМ, потоа пред Собранието и Стопанската комора, а заврши пред Владата.
 
Синдикатите тврдат дека е крајно време платите да пораснат поради зголемувањето на цените кои го загрозуваат животниот стандард.
 
Инаку, ССМ го отфрла законското усогласување од 1.667 денари со аргумент дека само последните два месеца вредноста на синдикалната кошница пораснала за 2.000 денари, а усогласувањето не го покрива растот на трошоците за живот.
 
 
 
 
Борис Грујоски