Конференција
Меѓународна конференција „Институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“
14.03.2026 14:59
Навремена реакција на сите нивоа од локално до национално и меѓуинституционална координација со што се спречи уште поголема трагедија е еден од заклучоците на конференцијата. Навремено активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита со кој беше овозможено лекување на 115 повредени во странство. Се анализираа искуствата од последиците од пожарот кои водат до системски решенија.

Болката е подеднакво силна, споменот не избледува за преграно згаснатите млади животи во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и по една година од трагедијата. Испливаа на површина аномалиите на системот и институциите што се таложеле години наназад. Трагедијата отвори низа прашања за болничкиот капацитет, координираноста на домашните и странсите институции и улогата на заедницата во справување со кризни состојби.
Се анализираа искуствата од последиците од пожарот кои водат до системски решенија на конференцијата на која учествуваа државниот врв, пртетставници на домашни и странски институции, домашни и странски лекари.
„Некои настани не се мерат со време, туку со болка. Трагедијата во Кочани е рана за општеството“ - истакна премиерот Мицкоски, додавајќи дека од болката треба да извлечеме поука, а од искуството конректни решенија.
На првата линија во борба за аспасување човечки животи беа над 400 здравствени работници кои лекуваа, анимираа и ги подготвуваа пациентите за лекување во странство. Но, неопходно беше активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита, бидејќи при таква масовна катастрофа велат надлежните немаат капацитет да одговорат ниту развиените земји. Вратите на болниците ги отворија многу европки држави , а првиот траспорт се случил по 10 часа од трагедијата. Претходно, помош понудиле соседните земји, Грција, Србија и Бугарија.
115 пациенти се лекуваа во странство.
Првите часови од лекувањето на повредените се клучни, па требало да се донесат брзи, ефикасни одлуки со меѓуинституционална координација.
Навремена реакција на сите нивоа од локално до национално е еден од заклучоците на конференцијата посветена на една година од трагедијата во Кочани.
Александра Велинова
