Украина

Русија ја нападна Украина со речиси 500 дронови и ракети

14.03.2026 18:16

На удар и регионот Киев, има жртви и повредени, Полска крена воени авиони за да го обезбеди воздушниот простор. Украински војници пак, извршија напад врз рафинерија за нафта и пристаниште во јужниот руски регион Краснодар.

Со речиси 500 дронови и ракети Русија ја нападна Украина во изминатото деноноќие. На удар и регионот Киев, има жртви и повредени, Полска крена воени авиони за да го обезбеди воздушниот простор. Украински војници пак, извршија напад врз рафинерија за нафта и пристаниште во јужниот руски регион Краснодар.

На дипломатски план, Зеленски тврди дека се подготвени за нова рунда преговори за завршување на војната, но местото на средбата сè уште не е договорено поради различните позиции на САД и Русија.