Гордана Сиљановска-Давкова: мора да направиме сè вакви трагедии да не се повторат
Трагедиите не смеаат да останат без одговор, државата има обврска да ја бара вистината и да ја обезбеди правдата. Во организација на владата се одржа меѓународната конференција за институционалнтата реакција и клиничките аспекти по пожарот во кочанската дискотека. Започна со едноминутен молк во чест на жртвите, продолжи со ретроспектива на реакциите во кобната нож. Медицинските тимови со огромна пожртвуваност се бореа за животите, институциите реагира соодветно, алармот за странска помош донесе навремена поддршка. Но каква стратегија мора да имаме. Конференцијата заврши со говорот на претседателката Сиљановска Давкова, претходеше скроената стратегија од здравство со потребните нови реформи и нов механизам по научените лекции.

Трагедијата во Кочани потврди дека не е доволна само брза реакција, туку прецизно структуриран и институционално усогласен систем кој ќе реагира ефикасно. Научените лекции да ги преточивме во конкретни и одржливи механизми – заклучокот од Меѓународната конференција за институционалните и клинички аспекти по пожарот. Усвоен е план за справување со масовни жртви, се подготвува национален протокол за изгореници.
Трагедиите не смеаат да останат без одговор, државата има обврска да ја бара вистината и да ја обезбеди правдата, порача премиерот Мицкоски, во знак на почит и сеќавање кон сите 63 жртви.
Со брзата реакција на институциите, европскиот механизам за цивилна заштита, пријателската поддршка на земјите, беа спасени многу човечки животи.
Ништо не може да ја намали болката на семејствата кои ги изгубија своите најмили, но можеме да направиме се што е во наша моќ, трагедии да не се повторат – порача претседателката Сиљановска-Давкова.
16 март останува вмрежен во колективната меморија, да не се повтори, едногласни институциите и лекарската фела.
Андријана Ѓурческа
