Кошарка – СП Шпанија 2014

Американците го одбранија златото!

14.09.2014 23:23

Освен добриот почеток и водството од 15:7 во четвртата минута, Србите не можеа вистински да им парираат на Американците...

Американците се моќни, кога се сериозни се непобедливи. САД се светски кошаркарски шампиони, Србија постигна голем успех, но вечерва во Мадрид не можеше повеќе од играњето во големото финале. 

129:92, во второто по ефикасност финале во историјата. НБА ѕвездите не си играа со реномето, беа дисциплинирани, концентрирани, расположени, ја освоија петтата мундијалска титула и сега заедно со некогашна Југославија се најуспешни по бројот на златните медали, со тоа што вкупно имаат најмногу, 12.

Освен добриот почеток и водството од 15:7 во четвртата минута, Србите не можеа вистински да им парираат на Американците. Со серија од 15:0, САД ја преземаа контролата на резултатот и само ја градеа предноста којашто на почетокот на четвртиот период изнесуваше највисоки +40 . Американците доминираа под кошевите и собраа 44, односно 12 скокови повеќе. Со околу 60 проценти реализација на шутот од игра, амерканските кошаркари погодија и 15 тројки од 30 обиди. Од седумтемина Американци коишто имаа двоцифрен поентерски ефект, најефикасни беа Ирвинг со 26 и Харден со 23 коша. Кај Србија, Калиниќ и Бјелица постигнаа по 18 поени.

Американецот Ирвинг е прогласен за најкорисен кошаркар на првенството, а со него во иделаната петорка влегоа сонародникот Фарид, Србинот Теодосиќ, Французинот Батум и Шпанецот Пау Гасол.

По Бразил и Југославија, составена од кошаркари од Србија и од Црна Гора во 1998-та и 20202-та, САД е третата репрезентација којашто го одбранила шампионскиот трофеј и тоа со максимални деевет победи и со просек од по 34 поени разлика по натпревар.

За Србија, како самостојна држава, среброто е прв медал од Светските првенства. Истиот податок важи и за Франција..Европскиот првак, дебитанското мундијалско одличје го освои вчера, победувајќи ја Литванија во мечот за брозната со 95:93.