Кочани

Велосипедска тура и меморијален марш во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

15.03.2026 10:02

Велосипедска тура во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот. Настанот има за цел да оддаде почит на жртвите и да испрати порака на солидарност и сеќавање.

Велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата во Кочани ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот.

Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно во Паркот на Револуцијата. Пријавени се околу 500 учесници – велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин ќе оддадат почит и ќе испратат порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Пред почетокот на велосипедската тура, присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“, на релација на Пониква, а во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.

Настанот е дел од повеќедневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар.