Прилеп

Врсничкото насилство добива сајбер пресметка

15.03.2026 16:34

Превентивата преку работилници, комуникација меѓу училиштето, ученикот и родителот даваат резултати за помали бројки на врсничко насилство. Но, стравувањата се со причина дека насилството од училишните дворови се префрла во сајбер просторот каде тешко се контролира.

Работилници, советувања, предавања, активно вклучување на училишната заедница во препознавањето на врсничкото насилство и насилниците може да ги намали бројките на врсничкото насилство. Ваква практика спроведува најголемото средно училиште во Прилеп со близу 1.000 ученици. Се смета за успех бројката од само три физички пресметки оваа година.

Загрижува фактот дека врсничкото насилство од училишните дворови се преселува во сајбер просторот. Таму бројките се високи и тешко се контролира. Освен пријавата во полицијата, потребно е активирање и на други институции.

Врсничкото насилство има повеќе облици и мора будно да се следат.

Елизабета Митреска