Полска славеше во “тај брејк“ но Франција како носител доби полесни ривали
Репрезентацијата на Полска ја совлада Франција со 3 : 2 во дербито од последното 7 коло на С П во одбојка, решавачко за првото место во “Е“ групата. Сепак и покрај поразот триколорите беа најдобри со 17 бода, еден повеќе од домаќинот, а третиот патник во завршната фаза е Иран, по победата над Србија со 3 : 1. Извиси САД по изненадувачкиот пораз во 5 сета од Аргентина, со што се елиминирани од третата групна фаза.

Репрезентацијата на Полска ја совлада Франција со 3 : 2 во дербито од последното 7 коло на С П во одбојка, решавачко за првото место во “Е“ групата. Сепак и покрај поразот триколорите беа најдобри со 17 бода, еден повеќе од домаќинот, а третиот патник во завршната фаза е Иран, по победата над Србија со 3 : 1. Извиси САД по изненадувачкиот пораз во 5 сета од Аргентина, со што се елиминирани од третата групна фаза. Во последниот вечерашен дуел, Италија беше поуспешна од Австралија со 3 : 1 во сетови.
Претходно во “Ф“ групата, во дербито на досега непоразените Бразил ја совлада Русија со 3 : 1 и ја заврши и втората групна фаза во голем стил. Во третата место обезбеди и Германија, која во директна пресметка со Канада убедливо славеше во три сета. Во мечевите за престиж, Финска ја декласира Бугарија со 3 : 0 а вечерва Кина ја победи Куба по пет одиграни сета.
Утре е слободен ден на шампионатот, а во вторник започнува последната групна фаза во која Франција за противници ги има Германија и Иран, а Бразил ќе игра против Полска и Русија. Сите стартуваат од нула, а место во полуфиналето ќе обезбедат првопласираните две репрезентации по што ќе вкрстуваат за пласман во големото финале, кое се игра на 21 септември.
