франција
Локални избори во Франција
15.03.2026 19:08
Речиси 49 милиони луѓе имаат право на глас во првиот круг од општинските избори.

Локални избори во Франција кои се сметаат за последен тест за политичкото расположение пред претседателските избори следната година. Речиси 49 милиони луѓе имаат право на глас во првиот круг од општинските избори.
Во местата каде што нема да се постигне апсолутно мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 22 март.
Во фокусот на изборниот ден се гласовите за крајно десничарскиот Национален собир предводен од Марин Ле Пен, и центристичката партија Ренесанса на претседателот Емануел Макрон.
