Енергетика

Утре се очекува нова одлука за цените на дериватите

15.03.2026 17:37

Поевтини нафтата на светските берзи, осцилациите продолжуваат, светот стравува од нова финанасиска криза, инвеститорите се во неизвеснот. Цените на горивата под притисок, утре Регулаторна ќе објави пресметка, дали по најавите на владата ќе има поевтинување на дериватите. Експртите велат битна е стратегијата до кое ниво се отвораат државните резерви...

По значителниот пораст на цената на нафтата и благиот пад на светските берзи, неизвесноста од притисоци врз дериватите сè поголема. Аналитичарите велат енергетските ресурси се новото оружје кое може да влијае на геостратегиските промени. и инвеститорите од регионот стравуваат. Каква пресметка крои регулаторната комисија, граѓаните на готовс ја чекаат одлуката по последното поскапување на дизелот за 15, на бензините за пет денари. Владата најави намалување на нафтата и нафтените деривати за околу 2,5 денари по литар. Експертите сугерираат стратешки државата да прави проценки за користење на државните резерви .

„Владата треба да направи проценка колку да потроши од стратегиските резерви за да ја намали цената а колку да предвиди да остане за полоша ситуација да нема на пазарот на берза да се купи гориво. Колку може државата да вложи за идната недела од стратегиските резерви, од ќе влијае на цената“, изјави Константин Димитров – експерт по енергетика.

Земјава е мал, но увозно зависен енергетски пазар. Особено кога станува збор за нафтата, ситуацијата е комплексна. Експертите велат – државата треба да има резерви за најмалку 90 дена кои ќе ги искористи додека пазарот се стабилизира.

„Според искуствата кои се собрани низ годините овој период ќе ја заштити земјата. Препораката за вашата земја е да го зголеми бројот на денови за да биде обезбедена преку користење на потребните резерви доколку во иднина дојде до прекин на снабдувањето“, изјави Артур Лорковски – директор на Секретаријатот на европската енергетска заедница.

Граѓаните се загрижени дека геополитичката нестабилност може да донесе повисока цена на струјата – сепак од европската енергетска заедница, посочуваат дека засега ефектот од војната во Иран се чувствува најмногу кај цената на нафтата.

 

Андријана Ѓурческа