Одбележување годишнина од трагедијата во „Пулс“
Една година подоцна, а болката сè уште е жива. Една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – трагедија што однесе 63 млади животи и остави неизбришлива празнина во нивните семејства, пријатели и во целата држава...

Една година подоцна, а болката сè уште е жива. Една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – трагедија што однесе 63 млади животи и остави неизбришлива празнина во нивните семејства, пријатели и во целата држава.
Град што некогаш беше исполнет со младост и музика, за миг се претвори во симбол на тага и сеќавање. Денес, Кочани застана во тишина – со свеќи, солзи и спомени за оние што прерано заминаа. Во знак на почит и сеќавање, семејствата, пријателите и граѓаните ќе се соберат да им оддадат почит на младите животи што никогаш нема да бидат заборавени. За спомените што остануваат. За болката што не поминува, и за ветувањето дека нивните имиња ќе живеат засекогаш. Со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот. Пред дискотеката „Пулс“ беа поставени срциња со испишани имиња на прерано згаснатите животи, под мотото светлина што останува.
Во Паркот на револуцијата 63 бели столчиња, 63 животи, симболичен мурал – визуелен споменик на недовршените соништа-ѕид на сеќавање. Во 10 часот ќе има молитва за упокоените.
