Блиски Исток

Неизвесно функционирањето на Ормускиот теснец

16.03.2026 09:01

Судбината на Ормускиот теснец и натаму неизвесна. Американскиот претседател потврди дека побарал од околу седум земји да помогнат во одржување на важната поморска рута. Војната продолжува и трета недела. Напади во Иран, Израел и заливските држави. Техереан уверува, не барале разговори со Американците.

Војната на Блискиот Исток влезе во третата недела. Претседателот на САД, вели дека не знае дали сака да склучи договор со Иран, но истакна дека во секој потенцијален договор важно е Техеран да нема нуклеарно оружје. Трамп потврди дека побарал од околу седум земји да испратат воени бродови за да го одржат отворен Ормускиот теснец шефот на Белата куќа рече дека би било многу лошо за иднината на НАТО ако сојузниците не помогнат во обезбедувањето на важниот проток. Го повика Пекинг да помогне во решавањето на застојот и рече дека сака да ја знае позицијата на Кина за безбедноста на клучната бродска линија пред средбата со Кси подоцна месецов.

„Некои од земјите имаат чистачи на мини, тоа е добро. Некои имаат одреден тип на брод што би можел да ни помогне. Некои од земјите би биле малку од помош ние бараме овие земји да дојдат и да ја заштитат својата територија, бидејќи тоа е нивна територија. Тоа е место од каде што ја добиваат својата енергија и треба да дојдат и треба да ни помогнат да ја заштитиме“, изјави Доналд Трамп, претседатела на САД.

Властите во Техеран велат дека рутата е затворена само за танкери и бродови што им припаѓаат на непријателите и се оставаат простор за разговор со земји кои сакаат безбедно минување. Голем број бродови беа нападнати додека се обидуваа да се движат низ тесниот проток, а постојат и загрижености дека Иран поставил мини во преминот како дел од обидите да го попречи превозот иранскиот министер за надворешни работи вели дека Техеран не побарал од САД прекин на огнот и не гледа причина зошто треба да разговара со Американците.

„Не гледаме никаква причина зошто треба да разговараме со Американците, бидејќи разговаравме со нив кога решија да не нападнат ова е војна по избор од страна на претседателот Трамп и САД, и ние ќе продолжиме со нашата самоодбрана“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

Израел продолжи да напаѓа локации и инфраструктура во Техеран поврзана со нуклеарната програма. Израелската војска најави дека војната ќе трае најмалку уште три недели и дека има илјадници цели за напад.

„Имаме организиран и добро испланиран борбен план. сè уште имаме илјадници цели во Иран и секојдневно создаваме дополнителни. Режимот е веќе ослабен. Тој е нестабилен и го крие ова од своите граѓани“, изјави бригаден генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска.

Продолжија и нападите во земјите во заливот Меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најпрометните во светот, мораше привремено да ги прекине летовите по инцидент со беспилотно летало.

Маријана Димовска