98. Оскари

„Една битка по друга“ триумфираше на годинешните „Оскари“ со шест статуетки

16.03.2026 09:10

Од 13-те номинации „Една битка по друга“ победи во шест категории и освен за најдобар филм, се закити со награди и за најдобар режисер, кастинг, машка споредна улога, адаптирано сценарио и монтажа...

Политичкиот трилер „Една битка по друга“ го доби Оскарот за најдобар филм на 98. доделувањето на најпрестижните филмски награди, синоќа во Долби театарот во Лос Анџелес.

Од 13-те номинации „Една битка по друга“ победи во шест категории, и освен за најдобар филм, се закити со награди и за најдобар режисер, кастинг, машка споредна улога, адаптирано сценарио и монтажа.

Од рекордните 16 номинации, хоророт „Грешници“ пак доби четири златни статуетки, за оригинално сценарио, музика, кинематографија и за најдобар актер, Мајкл Б. Џордан. Џеси Бакли го доби Оскарот за најдобра актерка за улогата на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“.

За најдобар интернационален филм беше прогласен норвешкиот „Сентиментална вредност“.