Руско - украински конфликт

Зеленски: Путин никогаш не сакал да ја заврши војната, потребен е поголем притисок врз Москва

16.03.2026 10:56

Според Зеленски, САД треба да извршат значителен притисок врз Путин, или во спротивно, како што изјави, рускиот претседател нема да преговара.

Украинскиот претседател вели дека Путин никогаш не сакал да ја заврши војната и повика на зголемен притисок врз Москва. Според Зеленски, САД треба да извршат значителен притисок врз Путин, или во спротивно, како што изјави, рускиот претседател нема да преговара.

Киев побара од Вашингтон да одреди датум за трилатерален состанок. Преговорите се во мирување поради кризата на Блискиот Исток.

На фронтот продолжуваат борбите. Зеленски изјави дека одбранбените сили ја спречиле големата руска офанзива планирана за оваа пролет.