Земјоделство

Врнежите не им требаат на земјоделците

15.09.2014 09:56

Врнежите не им требаат на земјоделците. Влага има доволно, а за собирање на летнината е потребно суво и стабилно време...

Честите врнежи од дожд прават штети во земјоделството. Негативно се одразуваат на бербата на грозјето и кај јаболката и крушите.

Од врнежите зрната кај грозјето се уништуваат  и се зголемува  можноста за инфицирање, а со тоа и опаѓање на квалитетот.

Проблеми има и со прекинување на бербата во градинарството, а кај тутунот со сушењето на листот.Вегетацијата на оваа култура доцни 20 дена.

Влага во почвата има доволно и според агрометеорологот од Управата за хидрометеоролошки работи, Ангелко Ангелески, потребено е стабилизирање на времето и почнување на подготовките за есенска сеидба.

Сепак прогнозите за наредниот период не гарантираат многу вакви временски услови.

 

Методија Трајков