МВР

Лишено од слобода лице од село во општина Старо Нагоричане, предизвикал пожар во туѓ имот

16.03.2026 15:15

Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава...

Вчера во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, соопштија од МВР.

Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.

Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението.