Европа

Франција: Десницата и левицата во подем на локалните избори

16.03.2026 20:05

Вториот круг е закажан за 22-ри март. Лидерот на Национално обединување повика на сојуз со десницата...

Екстремно десничарската партија Национално обединување и радикалната левица – Непокорена Франција остварија значаен пробив во првиот круг од локалните избори во Франција. Вториот круг е закажан за 22-ри март. Лидерот на Национално обединување повика на сојуз со десницата. Гласањето го одбележа ниската излезност во голема мера засенета од последиците од војната во Иран и нејзиното влијание врз цените на горивата.

Француските медиуми оценуваат дека локалните избори се важен тест за политичките сили во земјата, особено пред претседателските избори во 2027 година, кога на претседателот Емануел Макрон му истекува вториот мандат.