Средношколци од Струмица засадија дрвце во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“
Средношколци од Струмица во паркот засадија дрвце во чест на починатите во големата трагедија во Кочани. И Струмица жали бидејќи во „Пулс“ го загубија својот сограѓанин тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев.

На иницијатива на младите од ученичкиот дом при СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица, денеска во големиот градски парк средношколците засадија дрвце во чест на 63-те ангели кои починаа во големата трагедија во Кочани. Да не се повтори кажаа учениците кои се сеќаваат и на Ѓорги од Струмица тапанарот на ДНК.
Дрвото треба да биде потсетник на сите кои настрадаа во дискотеката „Пулс“ и потсетник дека мора сите да внимаваме. На чинот присуствува и претставници на повеќе институции и училишта.
Дрвце ќе биде засадено и во дворот на музичкото училиште во Струмица каде работеше младиот музичар Ѓорѓи Ѓоргиев кој почина во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Ване Трајков
