Гаши со реакција за Костадиновски
„Секој да се грижи за институцијата која ја води, а не да гледа во туѓиот двор“ – ова е реакцијата на собранискиот претседател Африм Гаши за критиките на првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски дека парламентот не ги извршува своите обврски во целост...

Собранието пристапи со голема сериозност и почит кон родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ – одговори на критиките собранискиот спикер Африм Гаши, кој појасни дека по комеморативната седница се сретнал и разговарал со семејствата. Откако Собранието беше критикувано за неговата работа и од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, кој смета дека законодавниот дом е недисциплиниран орган бидејќи не ги почитува неговите одлуки, Гаши одговара секој нека си гледа во сопствениот двор, никогаш не влегувам во конфликт со друга институција. Законите кои ги носиме се со согласност од Владата. Критиката се однесуваше на измените во Законот за електронски комуникации и во Кривичниот законик за кои Уставниот суд даде временски рок за враќање на старите решенија без да интервенира директно.
Во однос на Изборниот законик, работната група ја почна работата, а тоа што собранискиот спикер не е претседател, Гаши вели дека станува збор за принципиелен став на пратениците, бидејќи секогаш дискусиите за измени се воделе во Министерството за правда.
Миле А. Ристески
