РКЕ

Нов бран поскапувања на горивата

16.03.2026 18:52

Од ноќеска на полноќ ново поскапување на горивата. Бензините одат нагоре за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар. Во образложението на Регулаторната комисија за енергетика се вели дека оваа одлука е поради зголемување на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка. Ова е второ зголемување на цените на бензините и дизелот за една недела.

За една недела ново поскапување на цената на горивата. Регулаторната комисија ги објави новите, повисоки цени на горивата и не е изненадување дека тие поскапувањата продолжуваат, ако се суди според случувањата во Блискиот Исток. Литар дизел од полноќ чини 20 денари повеќе отколку пред првото поскапување, а бензинот поскапува за седум денари.

По порастот на цената на нафтата, која достигна 105 долари за барел, неизвесноста од притисоци врз енергенсите е поголема, велат економистите.

Ако конфликтот не заврши брзо, не чека нова криза и подгревање на инфлацијата, велат експертите. Според нив, најголем удар ќе имаат транспортните компании. Државата треба да има резерви кои ќе ги искористи додека пазарот се стабилизира.

Од Владата најавија намалување на нафтените деривати за околу 2,5 денари по литар.

Европската енергетска заедница смета дека ефектот од војната во Иран се чувствува најмногу кај цената на нафтата, која порасна за 40 проценти од почетокот на конфликтот во Иран.

Борис Грујоски