Кочани

Посветеноста на возачите на Итната помош на дело

16.03.2026 17:19

Трагедијата во Кочани извади на виделина низа системски слабости, но ја покажа и хуманоста и професионалната посветеност на медицинските служби. Во трка со времето да се спаси живот први на местото на несреќата беа екипи на Итната медицинска помош од целиот регион.

Пред една година ја имавме најдолгата и најстресна смена како возачи на Брзата помош. Возевме 36 часа десетици пати на релација Штип – Кочани – Скопје. Умор не почувствувавме, но страотните глетки нема да ги заборавиме. Вака раскажуваат Стефан Бурназов Влатко Донев кои лани ја почнале третата смена во Итната помош во Штип, но веќе во 2 и 30 се упатиле кон Кочани.

Патот Штип и Кочани беше полн со возила упатени кон штипската болница, но и покрај тоа до Кочани стигнувавме за 15-тина минути. Секоја минута беше важна, но за многумина беше предоцна, вели Донев.

Иле Гоцевски, возачот во кочанската Итна помош, почина ден после трагедијата, откако цела ноќ превезувал пациенти.

Кобната ноќ во Кочани имаше екипи на Итната помош од сите околни градови, а со свои ресурси помагаа и јавните и приватните здравствени установи.

Славица Величковска