Кочани

Сведоштва на лекарите за кобната ноќ

16.03.2026 16:32

Tешките случаи од пожарот беа донесени во Скопје. Борбата за секој пациент и борбата со себе да се издржи душевната болка, е она што прво го кажуваат лекарите кога ќе им се спомене 16 март 2025 година. Млади, тешко повредени на кои им се влошува состојбата за миг, прашање уште колку ќе стигнат, ќе може ли да се спасат. Најсериозните се испраќаа во странство.

Често ми се враќа сеќавањето кога го добив повикот во ноќта и ми кажаа за несреќата, се сеќавам на првите тешко повредени пациенти и прашањето кое ме тиштеше, во каква состојба се другите што ќе стигнат и можеме ли да им помогнеме, се присеќа професорката Срцева.

Вели, како се празнеа креветите така згрижуваме нови пациенти, 85 на број поминаа на КАРИЛ. За нас не беа бројка им ги знаевме имињата. Докторката е среќна е што имала можност да сретне некои од нив.

Во животозагрозувачка состојба пристигнувале пациенти и на Клиниката за токсикологија. Труење со отровни гасови предизвик на лекарите. Професорот Чибишев вели, тоа беа најтешки моменти во кариерата.

Докторката Марија Андоновска не лекуваше пациенти, таа беше дел од кризниот медицински штаб во здравството. Вели постојано имало дојави за луѓе кои стигаат во Скопје. Се правела проценка каде да бидат однесени, но попатно кај некои се влошувала состојбата, па ги пренасочувале. Подготовките за странство биле голем предизвик.

Лекарите, нашите соговорници, имаат свои искуства и спомени, но се согласуваат дека сите здравствени работници несебично се дале да се спасат младите повредени во дискотеката во Кочани.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски