Судница „Идризово“

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

17.03.2026 08:04

Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, со искази на сведоци на Обвинителството. Една година по трагедијата во Кочани, правда се бара пред Кривичниот суд...

Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, со искази на сведоци на Обвинителството. На последното судење, инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување рече дека во кабарето немало ПП апарати, а споредната врата била затворена со катанец.

Една година по трагедијата во Кочани, правда се бара пред Кривичниот суд. Им се суди на 35-мина, меѓу нив на сопственикот на „Пулс“, неговиот брат, инспектори, поранешни и на актуелни функционери, сите обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Во останатите три случаи се опфатени полициски службеници.